Викендов реконструкција на крајна сообраќајна лента пред автобиската на „Рекорд“

Од:

Екипите на Градот Скопје од утре ги почнуваат градежните работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, наспроти Театарот за деца и младинци. Оваа сообраќајна лента ќе се реконструира во должина од 60 метри, пред и по автобуското стојалиште.

Во текот на градежните работи стариот вдлабнат и оштетен асфалт ќе се изгребе и ќе се нанесат три асфалтни слоја.

За време на реконструкцијата, како привремено автобуско стојалиште ќе се користи крајната сообраќајната лента, пред постојното автобуско стојалиште т.е.пред пешачките семафори при вкрстосување на ул.„Димитрие Чуповски“ и ул.„Македонија“, односно старата позиција на постојката на „Рекорд“.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот режим, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

На реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, наспроти Театарот за деца и младинци ќе работат екипите на градежната компанија „Бетон АД“, а Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу милион денари.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан