Викендов прскање против комарци во Скопје

Од:

Град Скопје претстојниов викенд ќе ги спроведе четвртата авионска и терестрична (земјена) дезинсекција во 2014 година, против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот.

Аеросолната дезинсекција (авионска) ќе се одвива во деновите од претстојниов викенд, односно в саботи и во недела во период од 5:30 до 8:00 часот, а теристичната од недела до четврток во време од 23:00 до 03:00 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан