Викендов прскање против комарци во Скопје

Од:

Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе изврши авионска и терестрична дезинсекција против возрасни комарци на подрачјето на Град Скопје.

Како што се наведува во соопштението, вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) годинава, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни комарци, ќе се одвива во деновите од претстојниот викенд, односно на 8  и 9 јуни во период од 5.30 до 8 часот.

Вториот наврат на дезинсекција од земја (терестрична) во 2013 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни комарци, ќе се одвива во деновите од 10 до 14 јуни (од понеделник до петок), во период од 1 до 5 часот.

Доколку временските услови не го овозможуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, таа ќе се изврши , следниот ден во истиот термин кога ќе бидат поволни временските услови, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош