Викендов прскање против комарци во Скопје

Од:

Град Скопје ги известува граѓаните дека третиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) против комарци ќе се изврши викендов, од 5:30 до 8 часот.

Како што се наведува во соопштението, третиот наврат на дезинсекцијата од земја (терестрична) против комарци ќе се одвива следната недела, од 8 до 12 јули, од 1 до 5 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, таа ќе се изврши првиот нареден термин, кога временските услови ќе бидат поволни. Во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан