Викендов привремен сообраќаен режим на дел од улицата „Перо Наков“

Од:

Поради изведувањето градежни работи на дел од улицата „Перо Наков“, утре и задутре,  ќе се воведе привремен сообраќаен режим, а сообраќајот ќе се одвива наизменично, со физичка регулација.

Од Градот Скопје информира дека за време на викендот ќе се асфалтира крстосницата на улицата „Благоја Стефковски“ со улицата „Перо Наков“ и улицата „840 БИС“. Во недела, сообраќајот ќе биде забранет од крстосницата на улицата „Перо Наков“ со булеварот „Киро Глигоров“ (поранешниот булевар Војводина) до претходно споменатата крстосница.

Автобусите на јавниот градски превоз на линиите со број 3Б, 23 и 54 ќе бидат пренасочени преку булеварот „Киро Глигоров“, булеварот „Александар Македонски“ и улицата „Благоја Стефковски“.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот додека се изведуваат градежните работи на улицата „Перо Наков“ да се придржуваат на поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче