Викендов привремен сообраќаен режим на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов

Од:

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд на дел од булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”, на потегот од крстосницата со бул. „8-ми Септември“ до крстосницата со ул. „Московска“, во периодот од 07.00 – 17.00 часот ќе се изведуваат градежни активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација.

Поради тоа, на дел од булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”, ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан