Викендов прекин на сообраќајот кај новиот кружен тек на улица „Лазо Трповски“

Од:

Сообраќајот на крстосницата меѓу улиците „Лазо Трповски“ и „Втора македонска бригада“ викендов ќе биде целосно во прекин, поради асфалтирање на новоформираниот кружен тек.

– Автобусите од јавниот градски превоз на автобуската линија со број 9 што сообраќаат кон Топанско поле ќе се движат преку улиците „Џон Кенеди“ и „Лазо Трповски“, до супермаркетот „Принц“. Во обратна насока, кон Центар, ќе се движат по улиците „Методија Митевски“, „Благоја Паровиќ“ и „Џон Кенеди“ и продолжуваат по својата траса, соопшти ГРад Скопје.

Според соопштението, автобусите на линијата со број 18А ќе се движат по булеварите „Словенија“ и „Македонско-косовска бригада“, потоа по улицата „Џон Кенеди“ и продолжуваат по својата траса.

Автобусите со броевите 19, 49 и 81 ќе сообраќаат по улицата „Босна и Херцеговина“, по крак од улицата „Дижонска“ и продолжуваат по својата траса по улицата „Втора македонска бригада“.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање додека траат градежните работи на кружниот тек и да се придржуваат на поставената патна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан