Викендов градежни работи на крстосницата кај „Мајчин дом“

Од:

На семафорите кај „Мајчин Дом“, на крстосницата меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелевски“, утре и задутре од 8:30 часот екипите на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје ќе вршат машински и градежни работи.

Во сабота ќе се демонтираат старите семафорски портални столбови, а во недела екипите ќе ги монтираат новите портални семафорски столбови.

Градските власти апелираат, поради безбедност во сообраќајот, возачите да внимаваат и да се придржуваат на воспоставениот режим на сообраќај.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан