Викендов десет прекршители на полицискиот час во Тетово

Од:

Десет лица се приведени во текот на викендот како прекршители на полицискиот час, информираа СВР Тетово. Петмина тоа го направиле ноќта помеѓу петок и сабота, двајца помеѓу сабота и недела и ноќеска три лица.

– Вчеравечер, 11 април околу 21 часот и 15 минути, на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 23-годишен тетовец, кој не го почитувал полицискиот час. Околу 21 часот и 25 минути, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово лишен од слобода е малолетник од Тетово, кој го прекршил полицискиот час. Утринава околу 4 часот, на пункт во Желино, на автопатот Скопје-Тетово, лишен од слобода е 31-годишен жител на Делчево, кој не го почитувал полицискиот час, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На сите прекршители ќе им бидат изготвени соодветени поднесоци според член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он