Викендов 21 сообраќајка во Скопје, 13 лица полесно повредени

Од:

Тринаесет лица биле полесно повредени во 10 од вкупно 21 сообраќајка случени во текот на викендот на подрачјето на СВР Скопје, а во 11 била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Седумдесет и четири возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 возачи за неправилно престројување, шест возачи за неправилно престигнување и тројца возачи за некористење заштитен шлем. Затекнати биле 229 непрописно паркирани возила.

Од сообраќај биле исклучени 137 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 43 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 26 почетници, како и 40 нерегистрирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 131 возило.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски