А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Викендов 16 сообраќајки, двајца потешко повредени

by А1он05/01/2015 - 12:30110
Share0

Изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје се случиле 16 сообраќајни незгоди во кои потешко се повредени еден возач и сопатник, со полесни повреди се здобиле 13 лица, а во девет сообраќајки е регистрирана материјална штета.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се и поголем број прекршоци. Десетмина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол се исклучени од собраќај, четворица возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, шест возачи не отстапиле првенствено минување на пешаците на обележан пешачки премин. Шест возачи не ги почитувале сообраќајните знаци на крстосниците, а со специјалното возило отстранети се 12 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Поради очекување зголемено присуство на граѓани пред верските објекти по повод чествувањето на верските празници Бадник и Божик од МВР најавуваат дека ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување со цел непречено одвивање на овие манифестации.

Исто така, на 6 и 7 јануари ќе има засилено присуство на полициски службеници пред соборните храмови бидејќи се очекува зголемен интензитет на моторниот и на пешачкиот сообраќај.

Следете a1on на Youtube YouTube
skopje

Би можело да ве интересира

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Предраг Петровиќ13/08/2026 - 20:20

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

Горан Наумовски09/08/2026 - 16:13

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он31/07/2026 - 16:55

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 21:38

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 19:15

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 15:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео