Викендот во Скопје 33 сообраќајки, еден загинат пешак и 36 повредени

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 33 сообраќајни незгоди.

Сообраќајната полиција на 22 април, петок, изврши увид на 14 сообраќајни незгоди. Од нив, една незгода е со смртни последици во која животот го загуби еден пешак, четири се со последица материјална штета и седум се со телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле 13 лица.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле две лица.

Како што информира за МИА, Драган М. Велјаноски од СВР – Скопје, на 23 април, сабота, извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, три се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле 14 лица и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле две лица.

Вчера, 24 април, извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди, од кои девет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 59 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 15 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, пет возачи поминале на црвено светло на семафор и седум возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 43 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош