Викендот во Скопје 28 сообраќајки, 18 повредени

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 28 сообраќајни незгоди.

На 16 октомври, петок, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив пет се последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник.
На 17 октомври, сабота, извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, седум сопатници и двајца пешаци.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешка телесна повреда се здобил еден пешак.

На 18 октомври, недела, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.
Се случила и една железничка незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешка телесна повреда се здобил еден пешак.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „11 Октомври“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар со учениците од второ одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он