Викендот во Скопје 16 сообраќајки со 18 повредени

Од:

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје Сообраќајната полиција изврши увид во 16 сообраќајни незгоди од кои во три со потешки повреди се здобиле три лица, а во шест полесно се повредени 15 лица. 

Како што информира МВР, во саботата Сообраќајната полиција изврши увид на пет сообраќајни незгоди од кои во две со полесни повреди се здобиле осум лица, а три поминале само со материјална штета. 

Вчера полицијата изврши увид во 11 сообраќајни незгоди. Од нив во три со тешки телесни повреди се здобиле три лица, во четри полесно се повредени седум лица, а една поминала само со материјална штета.

Во текот на изминатиот викенд од страна на сообраќајната полиција, затекнати се и три возачи кои се санкционирани заради необновување на регистрација на возилото, три возачи кои управувале возило без возачка дозвола, еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, еден возач кој со своето возило поминал на црвено светло и пет возачи на моторцикли кои возеле без заштитен шлем.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош