Викендот изменет сообраќаен режим на булевар „Србија“

Од:

Поради изградба на фекална канализација  до населеното место Сопиште и локалитетот Сончев град, утре и задутре сообраќајот на булеварот „Србија“ ќе се се регулира со времена измена на режимот.

Како што соопшти Град Скопје, времено ќе биде изменет режимот на движење на булеварот „Србија“ кај влезно-излезната улица на бензинската пумпа Макпетрол, којашто се наоѓа на десната страна на булеварот „Србија“ во насока кон булеварот „Јане Сандански“.

Учесниците во сообраќајот треба да ја почитуваат времено поставената сигнализација и да го приспособат возењето согласно со времената измена.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан