Викендот 32 сообраќајки во Скопје, повредени 25, велосипедист го загубил животот

Од:

Викендот на подрачјето на Град Скопје се случиле 32 сообраќајни незгоди, информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје. 

На 08 јули – петок сообраќајната полиција извршила увид на девет сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, а во четири со полесни повреди се здобиле четири лица.

Во сабота – 09 јули, извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Три од сообраќајките се со последица материјална штета, додека во шест со полесни повреди се здобиле седум лица.

Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле две лица.  

Како што информира Вељаноски, се случила и една сообраќајка во која велосипедист го загубил животот.
На 10 јули – недела извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле 10 лица.  Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле две лица.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени биле и поголем број прекршоци. 

Вељаноски  посочи дека  се санкционирани 26 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, 10 возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека осум возачи поминале на црвено светло на семафорите, четворица возачи почетници сториле прекршоци по разни основи, а затекнати се и 18 возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не го носеле заштитниот шлем.

Со помош на специјалното возило пајак отстранети се 30 возила.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош