Викендот 30 сообраќајки на подрачјето на Скопје

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 30 сообраќајни незгоди.

Во петокот, на 28 ноември, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници, еден возач на товарно моторно возило и еден патник во автобус.

Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобил еден мотоциклист, а со телесни повреди се здобил еден сопатник во патничко моторно возило.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште пет незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
Во сабота, на 29 ноември, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден велосипедист.
Се случиле и две незгоди со последица тешки телесни повреди во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден велосипедист и еден пешак.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош