Викендот 26 сообраќајки низ Скопје

Од:

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 26 сообраќајни незгоди.

На 25 април, петок, се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и три со телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле еден возач на моторно возило, еден пешак и еден велосипедист.

На 26 април, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди, во кои со телесни повреди се здобиле еден возач на моторно возило, еден пешак и двајца сопатници.

Случена е и една незгода со тешки телесни повреди. Истата се случила околу 2 часот и 15 минути на крстосницата од ул. „11 Октомври“ и ул. „Филип Втори Македонски“ во која учествувале две патнички моторни возила „БМВ“ и „голф“ и двете возила со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од „голфот“, роден 1986 година, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи на моторните возила.

На 27 април, недела, се случени седум сообраќани незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле еден возач на моторно возило, еден сопатник во патничко моторно возила, двајца возачи на мотоцикли и двајца сопатници на мотоцикли.

Случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на изминатиот викенд од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи коишто не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците и пет возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

85-годишен возач е тешко повреден во сообраќајка, удрил во паркирано возило

Сообраќајка на автопатот Велес-Градско, повредени се двајца државјани на Босна и Херцеговина

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

Најмалку три лица загинаа, а 18 се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопат во Италија

Горан Наумовски

Дебранец со четирицикл удрил во паркиран трактор, се здобил со тешки телесни повреди

Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години се загинатите од Тетово во сообраќајната несреќа