Викенд со сончево време и повисоки дневни температури

Од:

Времето претпладне ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени.

Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во недела ќе се задржи стабилно време со утринските температури кои насекаде ќе бидат под нула, а дневните ќе бидат во благ пораст. По котлините ќе има појава на магла со пониски дневни температури. Од понеделник облачноста ќе се зголеми, а локални врнежи од дожд, на планините од снег, се очекуваат во текот на ноќта кон вторник и во вторник преку денот.

Би можело да ве интересира

Пред нас е врнежлива седмица

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите

А1он

Температури до 21 степен денеска, од утре врнежливо

Променливо облачно со подолги сончеви периоди и темепратура до 19 степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален слаб дожд

А1он

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, температури до 16 степени