Видни ВМРО-вци амнестирани иако „изгореа“ 150 милиони некогашни германски марки

Од:

Перење пари, организиран криминал, вмешаност на тогашната власт. Денеска многу малку или никој не се присетува дека токму на денешен ден, пред 13 и 17 години, се затворија двете пирамидални банки кои на граѓаните им однесоа 150 милиони тогашни германски марки.

Точно пред 13 години е затворена Алмако Банка. Во неа „изгореа“ сегашни 30 милиони евра. Државата изгуби цели 25 милиони евра. Никој денеска не одговара каде се државните пари од Алмако Банка, oбјави ОхридСкај.

Со Алмако отидоа и депозитите на Министерствата за финансии и економија, Народна Банка, Телеком, ГТЦ. Групацијата Алмако, за познавачите е позната како бренд на тогашната Демократска Алтернатива која беше на власт во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Директор на банката беше Методија Тошевски. Банката го купи рудникот Тораница, а влезе со свој капитал и во велешки МХК Злетово.

1999-та година, прогласен е банкрот и отворена е стечајна постапка за Алмако Банка. По ова следеше разрешување на тогашниот министер за финансии, Борис Стојменов.

17 години од гаснењето на Еуроинвест банка која однесе 44 милиони тогашни марки. На фотографијата која што А1 он, ја доби од прилепчани се гледа дека врвни членови на ВМРО-ДПМНЕ биле вклучени во активностите на оваа банка.

На сликата се гледаат Благоја Самакоски, татко на министерот Веле Самак и актуелниот советник на градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, Илија Димески – Шаторот, пишува порталот.

Прилепчани пред 17 години ја минаа голготата да бидат ограбени бидејќи многумина ги заглавија своите заштеди во Еуроинвест банка.

Би можело да ве интересира

18 годишник сакал да ограби банка во Аеродром – фатен на дело

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Скопјанец со пиштол се обидел да ограби банка во Аеродром

Величковски од НБРМ: Банката не смее да наплаќа за затворање на сметка, дебитни и кредитни картички

Орце Костов