(ВИДЕО) Темелковски: На граѓаните ќе им биде исплатена отштета за опожарените станови

Од:

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски кој денеска беше присутен за време на пожарот кој избувна во спроти спортската сала Расадник на улица народни херои изјави дека општината има посебен фонд за вакви несреќни ситуации и дека граѓаните доколку аплицираат ќе добијат финансиска помош.

-Општината си има фондови за вакви несреќни ситуации. Ќе ги чекаме извештаите од МВР и пожарникарите и со тие извештаи граѓаните ќе аплицираат за финансиска помош од општината кои ќе ги одобри Советот. Сакам да им се заблагодарам за храброста кои пожарникарите ја покажаа денеска, рече Темелковски.

По 2 ипол часовно дејствување пожарникарите успеаа да го изгасат пожарот кој ја зафати зградата на улица Народни херои во Кисела Вода.

Евакуирани се вкупно 7 лица од кои 2 малолетни. Командирот на противпожарната бригада Владимир Симоновски изјави дека најверојатно пожарот настанал од електрична инсталација во кујната.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче