(ВИДЕО) Состојбата со медиумите покажа зошто никој од Владата не беше „Шарли ебдо“

Од:

По терористичкиот напад на весникот „Шарли Ебдо“, Сара Барниер Лирој од Институтот за човекови права и мир од Каен, регион Долна Нормандија, Франција, кој соработува со Хелсиншкиот комитет за човекови права од Македонија, вели дека Франција научила голема лекција и се соочува со проблемите кои постоеле, но досега не им се обрнувало доволно внимание.

Таа не ги одобрува засилените безбедносни мерки кои владата ги презела по нападот во Париз, но свесна е дека се неопходни. Според Институтот за човекови права од Каен, најодбрите мерки против злосторствата од омраза се долгорочни и најмногу се однесуваат на образованието на младите.

Според Лирој, токму образованието треба да ги научи младите луѓе на разбирање на различностите и дека за идеите не треба да се убива.

– Шарли Ебдо критикуваше се’, не само религиите и затоа слободата на говор е бесценетa работа во едно општество, зашто овозможува да има критика, а без критика, не може да има развој во општеството. Да се каже „Јас сум Шарли“ значи дека си за слобода на изразување.

На прашањето како го коментира фактот што никој од Македонија не учествуваше на големиот марш во Париз, по нападато на весникот „Шарли ебдо“, таа рече дека не е изненадена

– Не сум изненадена дека никој не дојде, познавајќи ја состојбата со слободата на медиумите во Македонија, рече Сара Барниер Лирој од Институтот за човекови права и мир од Каен, Франција.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on