(ВИДЕО) СДСМ: Премиерот е на ред да го заштити достоинството на македонскиот народ

Од:

СДСМ реагира на, како што велат,  целосната немоќ на официјалната македонска дипломатија.

За два дена, укажаа,  се случија две сериозни дипломатски навреди на Република Македонија и на македонскиот народ од странски амбасадори акредитирани во нашата земја.

„Прво, крајно неодговорно албанскиот амбасадор во Македонија, присуствуваше на политичките провокации на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со поставувањето на албанското знаме во кичевско, со што демонстрираше целосно непочитување на македонските закони и понижување на македонското достоинство.Второ, во последниот говор на евроамбасадорот Аиво Орав во Европскиот парламент, тој за прв пат го употреби терминот „Славомакедонци“, зборувајќи за македонскиот народ.Ова е тежок удар за нашата надворешна политика. Ние како опозиција најостро ги осудуваме ваквите постапки на двајцата амбасадори“, изјави Гордан Георгиев.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?