ВИДЕО+ФОТО: Поплавени домови и земјоделско земјиште во Куманово

Од:

Надојдените води во кумановскиот регион синоќа предизвикаа излевање на речните корита на Кумановка, Којнарка и Пчиња. Водата поплави мал број домови на локалитетот Средорек, Проевце и Табановце.

Како и во претходните поплави и овој пат најпогодени се селата Јачинце и Довезенце, каде што под вода се 50-ина куќи и голема површина земјоделско обработливо земјиште.

poplaviKumanovsko (1)

Педесет и осумгодишниот Ванчо Спировски од село Доброшане повеќе од два месеци не може да се врати во својот дом, кој беше поплавен во ноември. Ова е дури трети пат по ред како се справува со поплавите.

poplaviKumanovsko (2)

-Претходно на 19-ти ноември не фати поплавата, сега повторно. Комисијата тогаш дојде направи записник и рекоа ќе видат што ќе биде. До сега од никаде нема помош, во туѓа куќа живееме со бебето, два ипол месеци не сме вратени во својот дом. Само што почнаа да се сушат собите, повторно дојде вода и пак не поплави- изјави тој.

poplaviKumanovsko (3)

Секретарот на Општина Куманово, Валентина Алексовска информираше дека од синоќа екипи се на терен и дека општината интервенира со сопствени средства.

poplaviKumanovsko (4)

-Беа исчистени тесните грла и санирани одредени делови од речното корито. Интервенцијата доведе до намалување на одредени последици кои дојдоа од вчерашното зголемување на реките. Од страна на општинскиот штаб намалени се сите ризици кои може да предизвикаат поплава. Ангажирани се шест машини од страна на Општина Куманово имаше само една машина од Дирекцијата за заштита, а општината побара 12.000 нафта од Министерството за екологија и се уште не ни е доделено-наведе таа.

poplaviKumanovsko (5) poplaviKumanovsko (6) poplaviKumanovsko (7) poplaviKumanovsko (9) poplaviKumanovsko (10)

Инаку нивото на реките Пчиња, Којнарка, Кумановка и Липковка се намалува.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски