(ВИДЕО) Беса: Влада на широка коалиција, а потоа нови избори

Од:

Лидерот на Беса, Биљал Касами на средбата со норвешкиот амбасадор, Арне Санес Бјорнстад разговарал за новонастанатата политичка ситуација. Како најдобро можно преодно решение тој посочил дека подобра варијанта би била формирање на Влада на широка коалиција која би била реформска а потоа и нови избори.

„Подобра варијанта за Македонија би била широка коалиција, која би составила Влада која би била реформаторска, Влада која би ја вратила Македонија во евроинтеграциските процеси и која би ги решила некои проблеми. После еден временски период би се организирале нови избори, нормални избори во нормални услови од кои би произлегла нова парламентарна гарнитура“, изјави Касами.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Касами незаконски дели книги од големиот автор Исмаил Кадаре

Касами: Неколкумина индивидуалци ја напуштија Алијанса за Албанците, останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата

Касами: Не се исклучува министерското место во здравсто да биде на ВМРО-ДПМНЕ, а Влен да добие друг ресор

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Касами: Османи дека не е тој кој ја треба да се грижи за правата на Албанците во Македонија

Касами: ДУИ ќе ги загубат следните избори