(ВИДЕО) Жерновски: Рингишпилот е синоним на панаѓур, од понеделник крај на лудилото

Од:

Денешната прес конференција Андреј Жерновски ја одржа пред новиот рингишпил во центарот на Скопје.

Вчера, рече го повикавме Владимир Тодоровиќ да каже дали ќе се натпреварува, дали има концепт. Од него, вели, нема одговор.

„Ги посетивме сите штабови сите се затворени, промотивната страна на Тодоровиќ на ФБ е затворена, полека се отстрануваат неговите билборди. Зошто служи овој круг на гласање, зошто го прави ова владеачката структура“, праша Жерновски.

Ова прегласување, вели, требаше за да се добие потребното време за да може до крај да заврши обезличувањето и нагрдувањето на нашиот град.

„Овој рингишпил не е синоним на модерна, урбана општина, туку синоним на панаѓур. Многу споменици се ставија кога беше јасен поразот на Тодоровиќ. Денеска има нов пред МКЦ. Добра вест е бидејќи остануваат уште 4 дена до моментот кога граѓаните ќе стават крај на ова обезличување и лудило. Од понеделник ќе градиме современа општина“, вети Жерновски.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември