(ВИДЕО) Жерновски: Пет лица од Пустец вдомил носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ за Центар

Од:

Во станот на семејството на носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ за Центар и претседател на ОК Центар се доселиле 5 лица од Пустец.

Ова за кандидатот за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски е врв на она што го гледавме досега од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ. На улуца Народен во станот на семејството на градската организација на ВМРО се сместени 5 лица од Пустец

„Ова е невидена дрскост.Јанкуловска никако да најде време да ме прими,Средбата има логика да се случи пред изборите. Ова е дело кое не застарува.А казната е висока“, рече Жерновски.

Ќе продолжат да проверуваат дали и во становите на други функционери се вселени други лица за гласање ж од Пустец.

„Ова е значајно за да знаат граѓаните кој гласаше за Тодоровиќ, за да знаат какви избори имавме, за да знаат дека но и покрај сите манипулации ние победивме во првиот круг. Ова е одлична мотивација граѓаните масовно да излезат во вториот круг и самите да го изберат градоначалникот.Треба да се види дали сакаат градоначалник кој ќе работи за граѓаните или за зголемување на имотот на фамилијата на Тинекс“, рече Жерновски.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември