(ВИДЕО) Жерновски: Мојот мандат нема да биде за лично богатење

Од:

Мојот мандат нема да биде за лично богатење, вели кандидатот за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски. Во општина Центар, вели, 13 години има некоректен мандат. Девет години на Виолета Аларова, за која граѓаните и сега пршауваат колку станови има земено и 4-те на Тодоровиќ за кој, граѓаните се чудат како е можно катни гаражи да стануваат сопственост на градоначалникот.

„Јас ветувам дека на првата седница на советот на општина Центар ќе се донесат најголем број од одлуките од мојата изборна програма. Ако мојот противкандидат мисли дека јас имам програма за лично богатење или за „Скопје 2014“ тогаш таква програма навистниа нема. Затоа го повикувам на ТВ соочување на кое треба многу работи да разјасниме. Со кого треба да се консултира Тодоровиќ за да дојде на ТВ дуел“, рече Жерновски.

Вети решавање на загадувањето, еден од најголемите проблеми на општина Центар.

Не знаеме што дишеме, рече Жерновски. Затоа ќе ја направиме Центар еколошки одговорна општина, ќе се стават шест нови мерни станици за да има редовен увид каков е воздухот што се дише. На Водно, рече Жерновски, нема веќе да дивее градежната мафија.

Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Жерновски укажа на изборниот фалсификат и поткуп кој што се случува во моментов. Директори на основни училишта лобираат и ги тераат вработените и родителите да гласаат за кандидатот на владејачката партија.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар