(ВИДЕО) Жерновски: Ќе го гасифицираме Центар веднаш

Од:

Приоритет на кандидатот за градоначалник на Центар од „Сојузот за иднината“, е гасификација на Центар веднаш.

Андреј Жерновски вети дека на првата седница на советот на општината ќе биде формирано Јавното претпријатие Центар гас.

Прво ќе бидат гасифицирани болниците и училиштата, а потоа и станбените згради.

„Со ова ќе се намалат високите цени на парното а ова ќе биде значајно и од еколошки аспект“, рече Жерновски.

Недозволиво е рече, во Капиштец да има руиниран парк.

„Ќе го изградиме најубавиот парк и нова градинка и основно училиште. Вакво училиште имаше во претходната изборна програма и на Тодоровиќ и на Владата, но не е реализирано“, рече Жерновски.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември