(ВИДЕО) Жерновски: Дали Тодоровиќ поседува 470 метри квадратни во катната гаража кај Беко

Од:

Кандидатот за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, во свој стил, неконвенционално, ја промовираше изборната програма. Во разговори со граѓаните, посочи дека ќе работи на инфраструктурни зафати за подигање на квалитетот на живеењето, гасификација, изградба на плоштад во Капиштец, ефикасна паркинг политика во служба на граѓаните на Центар, ќе направи Центар да биде општина со најдобри основни училишта и детски градинки, Има план за оформување на посебна Боемска улица во Дебар маало, по урнекот на познатата Скадарлија.

Жерновски ја покажа програмата на противкандидатот Владимир Тодоровиќ, и посочи што ветил пред 4 години, а што не исполнил.

„Тодоровиќ сега ветува дека ќе го решава хаосот со паркингот, кој тој го создаде. Барам за 24 часа, Тодоровиќ, на граѓаните да им одговори, дали е точно дека поседува 470 метри квадратни во катната гаража на „Даме Груев“, кај Беко.


Еден од главните приоритети на Жерновски, како градоначалник на Центар ќе биде драстично зголемување на урбаното зеленило. Ќе се подигнат нови микро паркови на 12 локации во општината, подигање на ново зеленило на 30 локации, ќе се засадат 4.000 нови дрва.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски