(ВИДЕО) Жерновски: Црвен картон за Тодоровиќ

Од:

Андреј Жерновски, негови поддржувачи и граѓани од Центар својот револт за украдената победа во вториот изборен круг за Центар ја изразија пред Централниот штаб на неговиот против кандидат Владимир Тодоровиќ. Штабот беше затворен.

Уа лопови, извикуваа револтираните граѓани. На Тодоровиќ му покажаа црвен картон но него никаде го немаше за да го види и да ги чуе нивните барања да ја прекине изборната фарса.

Македонската јавност, рече Жерновски беше сведок на криминалниот инженеринг кој ја згази волјата на гласачите во Центар.

„Поништени се избирачките места каде што ние победивме. Сите избирачки места на кои што  победи Тодоровиќ, се оставени и тука нема да има прегласување. Тоа ја прикажува изборната фарса која ја нема ни во африканските држави. Против кого се бориме?

– Штабот на Тодоровќ е затворен, а него го нема веќе десет дена. Го прашуваме колку пати треба да изгуби за да му стане јасно дека жителите на Центар сакаат да си заминат. Црвениот картон е сигнал дека во недела ќе завршат изборите“, рече Жерновски.

Катерина Цаневска

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада