(ВИДЕО) Жерновски: 43,2 милиони евра за „Скопје 2014“, 18,5 за потребите на граѓаните

Од:

Андреј Жерновски, кандидатот за градоначалник на општина Центар од „Сојузот за иднината“, прес конференцијата ја одржа пред споменикот на Прометеј.

Посочи дека 43, 2 милиони евра се потрошени за „Скопје 2014“. Праша дали ова е во служба на граѓаните или под диктат на централната власт

„Од друга страна 18, 5 милиони евра се потрошени за основните приоритети на граѓаните. Крајно сериозна ревизија за ова мора да се изврши. Мора да се направи стручна ревизија, затоа што граѓаните мора да знаат каде се потрошија нивните пари. Во отчетот ни во програмата на Тодоровиќ нема ни збор за ова, а исто и кај Коце Трајановски“, рече Жерновски.

Одржувањето, рече, исто ќе биде проблем, бидејќи чини скапо.

На денешната прес конференција не дојде екипа од Сител. Ова беше шанса по вчерашниот скандал, кога новинарка од оваа телевизија, наместо на Андреј Жерновски, напишаните и нарачани прашања му ги постави на Андреј Петров.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија