ВИДЕО: Жените ја алармираат Европа за насилството и бруталноста на 24.декември

Од:

Партиските организации на жени на коалицијата „Сојуз за иднината“ ги алармира Социјалистичката интернационала на жени, Партијата на европски социјалисти, и дел од пратеничките од сестринските партии во регионот.

„Целата македонска и светска јавност беше сведок на прекршувањето на Уставот, законите и Деловникот како и грубиот атак врз Законодавниот дом, со што во целост се суспендира демократијата во нашата земја. Грубото исфрлување на акредитираните новинари од Собранието, беше со цел од очите на јавноста да се сокрие невиденото насилство врз пратениците од опозицијата во режија на претседателот на Собранието.Лажните промотори на кампањата „ Вистински маж не удира жена“, од бруталниот нечовечки однос не ги поштедија ниту пратеничките од опозицијата, при што некои завршија во болница. За жал сето ова се одвиваше пред очите на министерката за внатрешни работи и пратеничките од позицијата “, пишува во дописот.

Посебно се истакнува, како што велат, недоличното однесување на претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите која се обиде да го оневозможи снимањето на насилието над пратениците и да го сокрие од јавноста.

„Ваквите настани не само што ја згрозија јавноста, туку на Република Макеоднија, која важеше за лидер во промовирањето на еднакви можности меѓу мажите и жените, и нанесоа непроценлива штета„, се вели во дописот.

Жените и пратеничките од Европа се запознаени со сите прекршувања на уставот, законите и процедурите, а како доказ им се дадени следните видео материјали.



Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието