(ВИДЕО) Зеколи за Ал Џезеира: Актот е кон цела опозиција и воведувањето автократија во Македонија

Од:

Арсен Зеколи поранешен дипломат и аналитичар во разговорот за Ал Џезеира посочува дека овој државен удар како што го нарече власта е крај за политичката и почеток на државна криза во Македонија.

-Мене ме загрижува прогресијата во последните 3 до 4 години, која ми дава да се сомневам, ова не е инцидент, ова е траекторија уште од затворањето на А1 телевизијата, потоа упадот и скандалот во Собранието на 24 декември, и сега се покажува дека не е сето тоа доволно и треба да се уништи опозицијата и да се воведе автократија во земјата.

Ова не е исклучок, ова е правило, доволно е да потсетиме што се одвиваше во 2005 во Белорусија кога беше уапсена опозцијата. Она што и претходи на автократија е поптполното паѓање на авторитетот на власта и тогаш со сила воспоставува режим за преживување, рече Зеколи.

Според Зеколи, овој акт не е насочен кон Заев колку што е насочен кон опозицијата и обидот да исчезне од политичката сцена. За него е чудно што и Груевски сам кажа дека дел од документите се вистинити, а дел не се.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана