(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди

Од:

Неделава јавноста ја потресе трагична вест за уште еден згаснат детски живот на Клиниката за детски болести. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со голема загриженост ги следи информациите за случајот со смртта на 9-годишното дете на скопската детска Клиника. Она што засега е познато, се информациите во јавноста дека детето од болницата од Штип е донесено на скопската Клиника за детски болести во многу тешка состојба, каде што обидите за реанимација, за жал, биле безуспешни. СДСМ апелира надлежните институции при најавениот инспекциски надзор да спроведат длабока и транспаретна анализа на третманот на лекување на детето во текот на целиот процес, и кај матичниот доктор и во штипската болница и во скопската Клиника за детски болести, изјави Белкиса Зеќири – членка на Извршниот одбор на СДСМ.

– Родителите, јавноста заслужуваат информации – што точно е причината за смртта на 9-годишното дете, дали има пропусти и каде се пропустите, одговорност мора да има! Денеска денот започна со уште една трагична вест за две починати бебиња, близначиња во Прилеп. И за овој случај ги повикуваме надлежните институции час поскоро да истражат и транспарентно да ги соопштат причините за смртта. Изминатиов период за жал скоро секој месец сме сведоци на вести за починати деца на Клиниката за детски болести. Состојбата е повеќе од алармантна.

Овие трагедии отвораат низа прашања не само за Клиниката за детски болести туку и за целокупниот здравствен систем, за кои јавноста заслужува итни и јасни одговори. Како се случуваат ваквите пропусти? Каде затајува системот? Дали се прават обиди за прикривање лекарски грешки? Ќе потсетам на неколку случаи: Кон крајот на минатата година седуммесечно бебе почина на Клиниката за детски болести, откако му беше одбиена хоспитализација без никакво образложение. 14-месечно бебе почина на детската клиника кое исто така беше одбиено за болничко лекување. Понатаму, бебе од Струмица, старо само осум дена, почина од сепса. Ова е само дел од серијата трагедии кои не смеат да останат без одговорност.

Точно е дека се спроведоа инспекциски надзори, но тоа е недоволно. Казните за Клиниката за детски болести се задоцнети и несоодветни. Ниту една парична казна не може да го врати загубениот детски живот! Во 21 век, во време кога во светот се лансираат современи технологии во здравствениот систем, нашата статистика лани за само шест месеци регистрираше 19 починати доенчиња и едно петгодишно девојче. Ова е страшно и загрижувачки! Одговорност со оставки мора да поднесат министерот за здравство, Арбен Таравари, заедно со директорот на Клиниката за детски болести, Мемеди. СДСМ бара инсистира на темелна истрага, длабоки анализи и превентивни мерки. Оваа состојба мора да се превенира, мора да се најде изворот на овие трагедии, не можеме да чекаме да умираат деца за потоа да реагираме!
Ја повикуваме актуелната власт да го спречи враќањето на старите практики и високите стапки на смртност. Здравствениот систем мора да функционира одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните – кажа Зеќири.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март