(ВИДЕО) Илиевски-Дамовски: Итна собраниска седница со една точка, распишување на предвремени избори

Од:

Здружението „За заедничка Македонија“ на денешниот протест го презентираа т.н. Македонски народен документ со кој бараат свикување на итна собраниска седница со една точка на дневен ред, а тоа е распишување на предвремени парламентарни избори во Македонија.

– Бараме предвремени парламентарни избори, избори на кои народот ќе ја отфрли во целост тиранската платформа направена во друга држава под покровителство на премиер на друга држава. Од денес па натаму избори се основното барање на граѓанската иницијатива за заедничка Македонија, рече Борис Дамовски.

Како што велат од здружението, тие се убедени дека изборите се најдоброто можно решение за дефинитивен крај на политичката и институционалната криза во Република Македонија. Ваквите ставови на здружението коинцидираат со секојдневните излегувања на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската говорница каде повикуваат исто така на нови избори.

Според нив, до постигнување на крајната цел односно нови парламентарни избори во Македонија ќе дојдат со прецизни активности и добра стратегија која сепак нема да ја откријат пред јавноста.

-Имаме предвидено прецизни активности со кои ќе стигнеме до реализација на оваа цел. Бараме свикување на итна собраниска седница со една точка на дневен ред, распишување на предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Стратегијата не ја откриваме во целост, но стратегија имаме. Исто како и оперативни, технички и тактички можности за таа стратегија да ја оствариме без разлика на противникот во земјата, вели дуото Илиевски – Дамовски, предводници на здружението „За заедничка Македонија“

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите