ВИДЕО: Здравко Коцев со поддршка на иницијативата на АМАН!

Од:

„Денес сме пред подрачното одделение на Државната изборна комисија во општина Штип, каде се потпишуваме на иницијативата на граѓанското здружение “АМАН” за собирање десет илјади потписи за измени на Законот за енергетика, враќање на евтината дневна тарифа за струја и укинување на Правилникот за топлинска енергија на Топлификација“, рече Здравко Коцев, кандидат за градоначалник на Штип.

Целосно се согласуваме со барањата на оваа граѓанска иницијатива, која се противи на самоволието и партиските одлуки на Регулаторната комисија за енергетика. Одлуки кои одат директно на штета на граѓаните, а во корист на државата и на енергетските монополи.

Дел од овие одлуки Регулаторната комисија ги донесе на 1 август, во пресрет на празникот Илинден, кога поголем дел од граѓаните се на одмор или празнување, скришно, на крајно нетранспарентен начин.

Поради тоа ги повикуваме сите граѓани кои се чувствуваат изиграни од одлуките на Регулаторна комисија масовно да излезат и да го дадат својот потпис на граѓанската иницијатива “АМАН”, со што спорните одлуки на Комисијата ќе се најдат на повторно разгледување пред пратениците во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија