ВИДЕО: Запленет хероин вреден 200.000 евра, приведено едно лице

Од:

Синоќа, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на улицата „Босна и Херцеговина“ во Скопје го приведоа 37-годишниот А.О. од Гостивар, известува Министерството за внатрешни работи.

Како што информира МВР кај него биле пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец.

– При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања. Пронајденото е одземено, А.О. е лишен од слобода и во текот на денот до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по член 215, соопштува МВР и додава дека ќе продолжи со континуираната борба против недозволената трговија со дрога.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват