(ВИДЕО) Загрижен родител: Зошто Костадинова крие за обидот за киднапирање на моето дете?

Од:

Во ОУ „11 Октомври“, не се смирува тензијата. Се уште двајцата директори, Даниела Костадинова, назначена од министерот за образование а разрешена од градоначалнико Жерновски поради труењето на децата но и други низа пропусти и Васко Лазаевски, назначен за ВД од Жерновски, седат во различни простории и „управуваат“ со училиштето.

Децата се збунети, родителите револтирани а персоналот поделен.

Неколку родители реагираа во А1он. Еден од нив е татко на едно од децата за кои велат дека имало обид да бидат киднапирани.

Тој вели дека п од своето дете дознал за инцидентот, дека неколку деца биле со сила префрлени преку оградата на училиштето од страна на некоклу лица и имало обид да ги вовлечат во моторно возило. Откако возилото не се запалило, децата успеале да избегаат. Родителот тврди дека неговото и други децата по немилиот настан имале модринки по телото.

Прашува зошто директорката Костадинова веднаш не ги повикала, дали случајот е пријавен во полиција и дали нешто е превземено. Како може некој да работи во образование на деца, а да прикрива и да ја загрозува безбедноста на децата.

„Доста ни е од игри, нехигиена во училиштето, партиски притисоци. Сакаме сигурно и квалитетно образование на нашите деца“, велат револтираните родители, кои за обидот за киднапирање, труењето на 100-тина децата и лошите услови, за кои ја обвинуваат Костадинова, ги известиле и побарале помош и од амбасадите.

Потсетуваме за што и како ја обвинуваа родителите Костадинова.

Би можело да ве интересира

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Објавени добитници на државната награда „11 Октомври“

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

Прилеп го чествува 11 Октомври