(ВИДЕО) Заглавени патници, нервоза, неизвесност – првин се одложуваат, а потоа и се откажуваат летовите до Македонија

Од:

Стотици заглавени патници, неизвесност, потрага по алтернативи. Вака им изгледаат патувањата изминативе денови на низа граѓани, кои требаше да се вратат во Македонија, но и на туристи што планираат да ја посетат Македонија. Вчера, откажани се 13 лета на авиони што требаше да слетаат на скопскиот аеродром. Причината е густата магла. Има и такви, кои, наместо во Македонија, слетаа во Косово. И денешниот ден почна така, со откажување на летот од Шведска за Македонија. На аеродромот останаа иселеници, посетители, но и патници, кои само транзитираат преку Македонија. Меѓу нив има и родители со бебиња и деца.

Како и за другите летови така и за летот од Шведска за Македонија постоеше обид да се остави време за да се подобрат временските услови пред да се полета. По три одложувања, стигна и известувањето дека летот целосно се откажува. Некои од патниците целосно го откажаа патувањето, а оние што мораа да стигнат веќе утре во Македонија – бараа алтернативи.

Првиот следен лет што им беше понуден за Македонија е в петок. За да не чекаат четири дена, повеќето се одлучија да го променат летот и да патуваат за Белград или Софија – дестинации за кои веќе вечерва има лет во попладневните часови. Бидејќи летовите се доцна попладнево, патниците половина ден ќе треба да го поминат на аеродром. Слетувањата во соседните земји се во доцните ноќни часови, а од таму сами ќе треба да си најдат начин како ќе стигнат во Македонија.

Авионите што утрово треба да полетаат од Македонија, според веб-страницата на ТАВ, тоа го прават со задоцнување. Вчера имаше десет откажани лета. Утрово, само едно полетување. И за денеска има десетина нови лета што се во неизвесност поради временските услови. До 10 часот утрово има три потврдени лета за кои извесно е дека ќе полетаат за Македонија, но не се знае дали ќе имаат можност да слетаат или ќе се упатат на аеродромите во близина.

Проблемите за летовите почнаа пред три дена.

Би можело да ве интересира

Аеродромите во Сочи и Казан затворени од безбедносни причини

Запален „цитроен“ во скопски Аеродром, од пожарот опожарено е и возило „киа“

МВР: Уапсено е момче кое во Аеродром се истепало со двајца малолетници

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром