(ВИДЕО) Заев-Звиздиќ: Македонија е пример за регионот

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во Сараево попладнето имаше тет а тет средба со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

На средбата е констатирано дека се во развој билатералните односи помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, за што говорат и честите средби на високи политички нивоа, коишто се дел од позитивните тенденции за соработка и евро-атлански перспективи на регионот.

Претседавачот со Советот на министри на БИХ, Звиздиќ, му честиташе и лично на премиерот Заев за достоинствените лидерски одлуки и чекори што отворија пат Република Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, а за неколку дена и покана за членство во НАТО на претстојниот Самит на Алијансата.

– Се зафативме за сериозни реформи и се посветивме на градење добрососедски односи врз база на доверба и грижа едни за други. Така станаа возможни договорите со Бугарија и со Грција, низ заеднички напори, како и реализацијата на Планот 3-6-9 со клучните реформски приоритети. Отворените врати за Македонија од ЕУ и НАТО се дополнителен мотив, уште поенергично, како Влада и како општество да ги сработиме сите домашни обврски, пред се во делот на правосудството и воспоставувањето правна држава. Граѓаните на Македонија ќе живеат подобро и ќе бидат посреќни, а тоа го посакуваме за граѓаните на целиот регион, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев и претседавачот со Советот на министри, Звиздиќ заеднички констатираа дека напредокот на Република Македонија, за само една година, од режим во демократска држава со евро-атлантска иднина е реален пример, како ако се има политичка волја, има решенија за секое билатерално прашање, а државата може да се развива. Ова е поттик за земјите од регионот за нивниот индивидуален напредок, што води и кон колективен регионален напредок во евро-интегративните процеси.

На средбата, премиерот Зоран Заев и претседавачот со Советот на министри, Денис Звиздиќ, беа разменети мислења за можностите на унапредување на соработката меѓу Македонија и БИХ, меѓу што влегува и реализацијата на идејата за воспоставување авио линија којашто ќе ги олесни контактите меѓу двете земји на сите нивоа.

Би можело да ве интересира

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија