(ВИДЕО) Заев: Со Законот за јазиците не губи никој, да ги отфрлиме политиките на поделби

Од:

Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5 кои се донесени пред 17 години. Никој не е, и не може да биде над Уставот. Истовремено, овој закон целосно ја гарантира соодветната употреба на македонскиот јазик и е сериозен придонес во градењето на концептот „Едно општество за сите граѓани“, смета премиерот Зоран Заев.

Заев во денешното соопшетние до медиумите повикува на отфрлање на политиките на поделби, раздор и конфликт и да се заокружат реформите.

– Оваа наша и европска вредност ја доби поддршката од мнозинството граѓани на последните парламентарни избори, но и на локалните избори. Таа вредност, Македонија – земја на сите граѓани, е концепт и патоказ за нашата иднина. Се определивме за политики што ја градат Република Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници, истакнува Заев.

Со унапредувањето на правата за употреба на јазиците не губи никој, оценува премиерот, само се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите, а непречената комуникација на граѓаните е цивилизациска придобивка.

– Сега е време да ги отфрлиме политиките на поделби, раздор и конфликт, кои се во спротивност со нашите и европските вредности. Наша должност и одговорност треба да бидат интересите на сите граѓани без исклучок. Нема разумно оправдување во блокадата на политичките процеси и на политичките институции како што е Собранието. Наместо тоа, време е сите ние, политичарите, да ја преземеме одговорноста што им ја ветивме на граѓаните и да ги заокружиме реформските процеси во Република Македонија. Време е за реформи и за економија, време е за развој на Македонија, во интерес на сите граѓани, подвлекува претседателот на Владата Зоран Заев во врска со вчера донесениот Закон за употреба на јазиците.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

„Владата дава 100 евра по жител за растеретување на инфлацијата“: Се шири нов линк за измама на граѓаните

Орце Костов

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он