(ВИДЕО) Заев: Се шири фронтот за демократска Македонија, се вклучи и Алијансата за позитивна Македонија

Од:

„Подршката на платформата за демократска Македонија расте.

Расте досега од политичките партии, пристигнуваат позитивни информации од граѓанските организации, од многу интелектуалци и ќе расте во периодот како што надоаѓа. Посебно мотивирана од сите овие глупости коишто се случуваат во државата, за жал и од човек којшто ја извршува функцијата Претседател на државата“, изјави Зоран Заев.

„Мене ми е драго што се приклучуваат партии со коишто во минатото не сме имале некои директни соработки, освен принципиелни, во функција на интересите на државата.

Еве денеска со Алијансата за позитивна Македонија, со луѓе коишто ги познаваме, наши пријатели, со коишто истовремено застануваме заедно, сплотени рамо до рамо, без било какви предрасуди, заради единствената исконска цел, нашата Македонија и граѓаните на нашата Македонија.

Сакам да испратам порака да продолжи подршката на оваа Платформа којашто е заедничка, којашто е граѓанска.

Целта на платформата, да повториме уште еднаш е регуларни фер и демократски избори, владеење на правото, слободни медиуми, враќање на правната држава, департизација и деполитизција на институциите, зацврстување на начелата на еднаквост и рамноправност во нашето општество и враќање на власта во рацете на граѓаните на Република Македонија.

За овие вредности вреди секој граѓанин да се бори. Верувам дека сите заедно ќе застанеме во конечната борба за враќање на Македонија повторно да биде нормална земја, стабилна земја, да чекори исправено кон евроатланските интеграции“, рече претседателот на СДСМ, Заев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната