(ВИДЕО) Заев во турското маало: До последните сили ќе ве бранам од власта

Од:

„Секој од вас што ќе добие закана од власта сакам директно на мене порака да ми пушти, јас ќе излезам на крај со секој што ви се заканува. Да се штитиме еден со еден, брат со брат, сите за еден, еден за сите да застанеме како што е редот, достоинствено и гордо да излеземе на избори оти од овие избори зависи нашата иднина“ вака вечерва градоначалникот и кандидат за трет мандат Зоран Заев ги храбреше жителите на турското маало во Струмица кои деновиве се изложени на невидени притисоци и закани од власта.

Не дозволувам некој да го заплашува мојот народ оти нема право, уставот и законот важи за сите. Оној службеник кој ќе се дрзне да потпише укинување на решение за социјална помош, за детски додаток, за некоја казна, ќе го гонам кривично преку суд до крај, само ако не издржи затвор, до крај. Сакам да знаете последната капка крв ќе ја дадам, последниот денар и се што имам ќе дадам за ваша заштита, рече Заев.

На митингот зборуваа и Фатман Камберова и Демир Куртев кандидати за советници од турското маало и тие ги повикаа своите сограѓани да не потклекнуваат на заканите и уцените и да го дадат својот глас за Сојузот за иднината.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември