(ВИДЕО) Заев во Куклиш: Ние реализиравме 47 проекти, а власта само една сала и и го даде името Тодор Александров

Од:

„Работевме многу и имаме право на вашата поддршка, реализиравме 47 проекти во селото со вкупна вредност од над два милиони и 300 илјади евра, наспроти една спортска сала на власта на која и го даде името на Тодор Александров“, рече Зоран Заев кандидат за трет градоначалнички мандат на Струмица на митингот во Куклиш.

-Направија една спортска сала, чесно е да кажам им благодарам за тоа, убава работа е за младите во селото, но овде има 17 луѓе загинати луѓе на Сремскиот фронт, тука се браќата Минкови, а има и војводи, можеа некое од тие имиња да стават на салата, наместо тоа и без консултации со жителите на Куклиш ставија име кое се залагаше за бугарштината на нашиот македонски народ. Куклиш има своја богата историја, државотворен народ, дал луѓе за оваа наша Македонија.

– Но, ние ќе продолжиме да ја градиме иднината на ова село, како што градивме досега, најмногу проекти имаме реализирано тука. И покрај ваквата работа во овие осум години, немам поддршка овде, никогаш сум немал победа во Куклиш.

– Јас мислам дека влијание има и настанот од пред 20 години и тој настан треба да се осуди, да се извиниме за тоа, но јас имав тогаш 18 години, средношколец, не е во ред да биде казнуван некој кој што бил средношколец, покрај толку дела за нешто што се случило пред 20 години. Не е во ред, дали некој од вас би сакал да биде казнет за нешто за кое не е виновен, така и јас, рече Заев пред жителите на Куклиш.

Тој и тука ги храбреше жителите да не потклекнуваат на заканите и уцените што деновиве масовно ги врши власта во општина Струмица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија