(ВИДЕО) Заев: Во Австрија добивме голем и одговорен поддржувач на регионот и обединета Европа

Од:

Европската унија, со Австрија, по Бугарија, доби уште еден, голем, силен, одговорен поддржувач на интегрирана и обединета Европа. Тоа е надежта на граѓаните на Македонија, надежта на граѓаните на целиот регион на Западен Балкан, надежта на младите луѓе во нашата земја и во соседството, чии соништа се поврзани со светла европска иднина, во своите држави и во Европа, рече премиерот Зоран Заев на одбележувањето на почетокот на австриското претседателство синоќа во Скопје.

Европа, додаде Заев, не е само континент, не е само политички и економски сојуз, Европа се вредности во коишто верувале и веруваат бројни минати, сегашни, и уверен сум, и идни генерации.

– Европа е потреба, за Европската унија, за нашиот регион што цели кон неа, за светот, затоа што Европа е доказ дека различностите се предност, заедништвото е можно – до стабилен свет, до спокоен свет, до економски развиен свет, до свет за сите, рече премиерот Заев.

Тој ја поздрави најавата на австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој вчера при преземањето на претседателството истакнал дека Австрија има намера да изгради ефикасна, обединета и фокусирана Европа, Европа којашто заштитува, Европа којашто гради мостови во Унијата.

– Јас се согласувам со канцеларот Курц дека успехот на Европа е можен само ако сите земји во Унијата соработуваат меѓу себе, а среќен сум дека интеграцијата на Западен Балкан во Унијата останува фокус и на австриското претседателство. Ваквиот фокус нам ни дава шанса да се бориме за нашата европска перспектива, да ги забрзаме реформите, да ги довршиме започнатите мостови со соседите, додаде премиерот Заев.

Вреднувањето на она што Македонија го направи изминатата година, според Заев, е силна мотивација за Република Македонија во која Унијата добива уште попосветен партнер и пријател, за надминување на сите постоечки предизвици во Европа и светот.

– Нека успее мисијата што си ја постави нашиот пријател, Република Австрија, за изградба на обединета Европа, Европа којашто штити. Република Македонија е со вас на тој пат. Среќно да ни е пријатели, рече во обраќањето во чест на преземањето на австриското претседателство премиерот Заев.

На свеченоста се обрати и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој го поздрави преземањето на австриското претседателство со благодарност за поддршката од Австрија за Македонија и регионот и најави завршување на домашните обврски на земјава на евроинтеграцискиот пат.

На настанот, меѓудругите, присуствуваа амбасадорката на Република Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Петков, претставници од дипломатскиот кор во земјава, од Владата, од Парламентот, претставници од други институции и организации, граѓани.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски