(ВИДЕО) Заев: Струмица не сака странец за градоначалник!

Од:

Преостанаа уште само два дена до изнуденото прегласување во Струмица, заради кое ВМРО-ДПМНЕ и Груевски го партизираа судството, ја убија демократијата и ја поништија волјата на граѓаните, рече Зоран Заев.

Но граѓаните на Струмица вели тој, повторно на дело ќе покажат и докажат дека остануваат свои на своето и дека го потврдуваат кажаното од 24 март. На последниот ден од кампањата пред ова прегласување чуствувам потреба уште еднаш да ви се обратам со чисто срце и отворена душа. Во изминативе денови јас и активистите од мојот изборен штаб спроведовме кампања „од врата до врата“. Влеговме како добри гости кај добри домаќини во сечиј ваш дом. Вашето непроценливо гостопримство беше извонредна можност да поразговараме за многу работи, за сите ваши проблеми и потреби. Тие разговори ни дадоа за право да веруваме дека Струмица и струмичани ќе продолжат да се движат по вистинскиот пат. Сите вие мошне добро знаете што се се случува деновиве во нашиот град, но во исто време мошне добро знаете како да останете цврсти и непоколебливи, како да останете силни, како да останете победници.

Би можело да ве интересира

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он