(ВИДЕО) Заев: СДСМ ќе биде пример за заштита на слободно изразена волја на граѓаните

Од:

„Предизборните активности на сите политички партии се во финишот на својата подготовка, така и Социјалдемократскиот сојуз е во целосна подоготовка за изборите на 5-ти јуни.

Ние сме подготвени за 5 јуни заради тоа што сме убедени дека промените ќе се случат, согласно сите рејтинзи и целокупниот амбиент во Република Македонија. Но, секако учеството е единствено возможно на кредибилни, регуларни, фер и демократски избори“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Остануваме до крај на браникот на она за коешто се залагаме и на она што го очекува цела македонска јавност од нас, правото на слободно изразена волја на граѓаните, да гласот вреди еден глас и граѓаните слободно да одлучат за иднината на нашата земја.

Во склоп на сите овие подготовки, силно апелирам до сите функционери на општествени функции и од Социјалдемократскиот сојуз, без разлика дали се на централно или на локално ниво, ниту да не помислуваат да злоупотребуваат позиции вршејќи притисок, закани, уцени, или било каков мобинг врз вработените во јавната администрација.

Ние сме тие кои се бориме за фер, демократски и кредибилни избори. Ние треба да бидеме пример како социјалдемократи, дека слободно изразената волја на граѓаните е светост од каде што потекнува идниот демократски развој на нашата заедничка Република Македонија“, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници