(ВИДЕО) Заев: Стево е наш избор за победа

Од:

Со интонирање на државната химна и говор на лидерот на СДСМ, почна 23. конгрес на владејачката СДСМ на која треба да биде потврден Стево Пендаровски како кандидат за претседател предложен од коалицијата од 30-ина партии. 783 делегати се присутни на денешниот конгрес кој се одржува по утринскиот централен и извршен одбор на партијата.

Лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев, пред присутните го претстави Стево Пендароваки како најдобар избор за победа на претседателските избори.

„Убедени сме дека тоа е наш избор за победа“, рече Заев во воведниот говор на конгресот.

Лидерот ба партијата рече дека Пендаровски е кандидат за претседател за сите граѓани.

„Ќе одиме долж и попреку за да го поддржиме Стево“, кажа Заев.

„Стево е личност со интегритет, со темелно политичко и професионално искуство“, рече Заев пред присутните делегатини гости и дополни дека Пендаровски е најдобрата опција за концептот „Едно општество за сите“.

Заев им заблагодари и на Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Никола Димитров и рече дека тие се многу важен дел во водењето на процесите во земјата. Заев рече дека тие биле „предната влеча“.

Пендаровски беше поздравен со громогласен аплауз од присутните делегати. Тој е најавено дека ќе се обрати на крајот на конгресот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?