(ВИДЕО) Заев: Режим е од една страна, живот е од друга

Од:

„Oстанете фокусирани на целта, секој од нас има историска улога, во ова историско време во Македонија, кога рушиме режим и отвораме пат на животот.

Секој е важен! Повторувам, секој е важен! Секој е потребен во оваа борба, немаме простор за грешка, немаме простор да немаме став, немаме простор да оставиме на случајот. Немаме право тоа да им го направиме на своите деца и на својата земја.

Режимот го држи секој од нас, секого од вас, на работ на провалијата, независно дали сте гласач на опозицијата или гласач на власта, независно од која етничка припадност сте. Секого“, рече Заев.

„Режимот ја држи и Република Македонија на работ на неизвесна иднина. Конецот е тенок, ризикот е преголем само да гледаме, за секој од нас се работи и укажувам, одговорноста за изборот или-или, или режим или живот е лична, а последиците се заеднички.

Ги гледам плоштадите и салите полни, како што е вечерва овде полно Карпош, а полно е и моето срце.

Другари, вредеше! Вредеше цела наша жртва за вистината. Вредеа сите искушенија низ коишто поминавме, се што издржавме. Затоа што не направи посилни, затоа што не обединија сите, затоа што денеска, секој од нас, јасно како бел ден, може да направи разлика!

Режим е од една страна, живот е од друга страна! Ние сме за живот, ние сме за Македонија!

На претходните избори Центар се крена за Скопје, на овие избори Карпош ја прави разликата – Карпош повлекува победа за Скопје, Скопје повлекува победа во Македонија.

Ќе имаме одлична, огромна победа за стабилна Влада, за сериозни реформи, за добра економска иднина на нашата Македонија!

И почитувани, ова нашето не е битка за за 63 пратеници, тоа не се шарлатански калкулации со бројки за власт, како тие на изгубениот Груевски кој во нив сонува за свој спас. Тоа е победа за живот на милион и 500 илјади граѓани на Македонија.
За да не почине уште една Тамара од негрижа на институциите. За да не биде жртва уште една родилка со девет месечно бебе во стомакот, за да нема згазени од разулавени по улици.

За институциите да работат во служба на граѓаните – а не занесени од власта како сега. Тоа е една од петте точки во нашиот План за живот во Македонија.
Знам дека ќе направите разлика бидејќи има разлика, има голема разлика во желбата за 63 пратеници за спас на сопствената кога и Планот за живот на сите, над милион и 500 илјади граѓани во Македонија и уште стотици илјади иселени, меѓу кои најголем број млади, меѓу кои и ваши деца и внуци, на кои им должиме шанса за живот тука, во нашата Македонија

Се обврзувам, сите ќе живееме за едно, во едно општество за сите, во една Македонија за сите!
За живот во Македонија! Да живее Република Македонија“, изјави претседателот на СДСМ и носител на каднидатската листа во ИЕ 4, Зоран Заев, на синоќешниот митинг одржан во Карпош.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД